ЗА НАС

Gala Wash самоуслужните автоматски перални ќе се погрижат за тоа Вашите автомобили да заблескаат!

Самоуслужна автоматска перална

Gala Wash cамоуслужната автоматска перална овозможува перење на возилата од 1,5 – 6 минути, во зависност од бројот на жетоните. Проектирана е да работи 00-24/7 дена во неделата. Таа е инженерски усовршена, со потполно доверливи компоненти на врвните светски производители.

Исклучителната долготрајност, едноставноста при одржувањето, најнапредниот софтвер за управување со перални на пазарот и модерниот дизајн на конструкцијата, се само некои од карактеристиките на Gala Wash самоуслужните автоматски перални.

Безконтактно перење

Безконтактното перење не користи четки ниту било каков контакт со автомобилот,  нема никакво оштетување на возилата, нема гребење на бојата, има подобра флексибилност во перењето на автомобили со различни димензии, нема оштетување на ретровизорите и на дополнителната опрема.

Различни програми за перење

Во понудата имаме рачно перење на возилото и внатрешно чистење, по што возилото изгледа како да е ново и има многу пријатен мирис. Рачното перење на Вашиот автомобил со жетони се состои од неколку програми – перење со топла вода и со шампон, перење со ладна вода, употреба на восок и плакнење со дестилирана вода, така што на Вашиот автомобил нема да останат траги.

За Нас
Gala Wash самоуслужната автоматска перална постои од 2018-та година и основана е со акцент за ефтино, квалитетно и брзо перење на автомобилите.
Покрај тоа што имаме сѐ на едно место, она што нѐ разликува од другите перални е тоа што работиме со најсовремените машини и опрема од германскиот бренд Washtec GmbH и што користиме исклучиво оригинални хемиски средства (шампон, восок) од белгискиот производител NERTA и сето тоа го работиме на едно врвно ниво, пред сите други.
Gala Wash е единствен застапник во Македонија на машините и опремата за автоматско перење од германскиот бренд Washtec GmbH – најголем светски производител на ваква опрема, и на хемијата за перење од белгискиот производител NERTА.
Gala Wash cамоуслужните автоматски перални се направени со идентична челична конструкција и бетонски подлоги со подно греење што затоплува до 50-55 степени Целзиусови, и се наоѓаат на неколку различни локации во Скопје.
Нашата Мисија
Gala Wash пералните овозможуваат машинско перење што се изведува на отворен простор, а за да биде нашата понуда потполна, поседуваме и машини за внатрешно вшмукување (чистење) на автомобилите.
Доколку барате европски начин на перење на Вашиот автомобил кој работи на жетони, тогаш ова е вистинската перална за Вас. Рачното перење со жетони се состои од неколку програми: перење со шампон и топла вода, перење со ладна вода, нанесување восок, осмоза – плакнење без бришење со дестилирана вода која е прочистена 98%, што значи дека не остануваат дамки кога ќе се исуши.